[Пример за изработка и форматирање на семинарски труд]
-------------------
насловна страница
-------------------
насловна страница
-------------------
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
Факултет за драмски уметности
Семинарски труд
по предметната програма
историја на уметноста
[курс: १]
Византиска архитектура
изработил:
Стефановски Кристијан
инд. бр. 511
сликарски оддел
Стефановски Кристијан
инд. бр. 511
сликарски оддел
предметен наставник:
ред. проф. д-р Небојша Вилиќ
ред. проф. д-р Небојша Вилиќ
Скопје
октомври 2008
октомври 2008
=========================================================
СТРУКТУРА НА СЕМИНАРСКИ ТРУД
Увод
Во Уводот накусо се објаснуваат причините и поводите за обработка на темата. Во него се посочуваат и елементите важни за нејзиното присуство во соодветниот курс. Доколку е можно, пожелно е да се посочат и обемот на досегашните проучувања во историјата на уметноста (во светот или кај нас – во зависност од темата). Важен дел е посочувањето на очекуваните резултати од проучувањето. Препорака: Уводот добро е да се напише последен! Обем: 1/6 од обемот на текстот.
Делови
Во зависност од обемот на темата во семинарскиот труд треба да се издвојат делови во кои што се обработуваат потребните елементи и специфичности на темата. Нивното обележување може да биде: Дел 1, Дел 2 … или Дел А, Дел Б… Препорачливо е трудот да има до три дела. Во овој дел од трудот се пишува за најважните работи кои што се предмет на обработка. Наведувањето на библиографските единици се врши по Чикашкиот прирачник [(презиме на авторот, година на издавање: страница која се наведува)]Обем: 2/3 од обемот на текстот.
Заклучок
Во заклучокот се поместуваат завршните разгледувања од истражувањето. Тој во основа би требало накусо да ги повтори елементите од деловите, не не и повторно да ги прераскаже. На крајот пожелно е да се направи заклучок во форма на издвоен завршен пасос или реченица. Обем: 1/6 од обемот на текстот.
Илустрации
Пожелно е кон текстот да се приложат и фотокопии (не фотографии!) од наведуваните дела. Тие се означуваат со бројки (сл. 1) и потоа се прави Список на илустрации, каде се наведува: Име и презиме на авторот, наслов на делото, година на изработка, димензии и техника.
Користена литература
На крајот на трудот, како засебна страница, се приложува список на користена литература. Во него се наведуваат не само книгите, текстовите и списанијата кои што се наведени во текстот, туку и другите кои не се, односно кои што биле од корист во истражувањето. Библиографските единици се подредуваат по кириличен азбучен редослед. Доколку насловот на некоја единица е на странски јазик или на латиница, тој се наведува во неговата изворна форма.
Примери на точно наведување:
Презиме на авторот, име на авторот (година на издавање) Наслов. место на издавање: име на издавачот.
Гомбрих, Ернст (2003) Уметноста и нејзината историја. Скопје: Табернакул.
* (1998) Op_ta istorija umetnosti. Beograd: Alfa-Narodna knjiga- Zebra.
Чаусидис, Никос et al. (1995) Македонија културно наследство. Скопје: Мисла.
Предавање на трудот
Трудот треба да биде исчукан на компјутер (или машина за пишување) со 1,5 проред и 12 големина на буквите, споен со хефт-машинка (хефталица). (Не е потребно укоричување или пластична папка.)
Нема коментари:
Објави коментар